Судан и Руанда со побрз раст на БДП од нашата држава

95

Минатата година, многу од најбрзорастечките економии не се наоѓаа во Азија, туку во Африка. И 2020 година можеби е дури и подобра за нив. Се очекува Јужен Судан и Руанда да растат во наредните 12 месеци, при што бруто домашниот производ (БДП) ќе порасне на 8%.

Други врвни африкански економии ќе бидат Брегот на Слоновата Коска (7,3%), Етиопија (7,2%), Сенегал (6,8%), Бенин (6,7%) и Уганда (6,2%) Растот во Кенија, Мозамбик, Нигер и Буркина Фасо ќе биде околу 6%.

И додека брзиот раст на БДП во овие земји ќе помогне да се постигне просечна стапка на раст од околу 3,8% низ Африка, двете најголеми економии на континентот ќе заостанат. Се очекува Нигерија да забележи раст од 2,5% и Јужна Африка од 1,1%.

Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика на нашата држава, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за третото тримесечје од 2019 година изнесува 3.6 %. Според проекциите на министерството за Финансии растот на БДП се очекува да се зголеми на 4,2% во 2020 година, и во наредните две години да продолжи со посилен интензитет, односно да достигне 5%. Ова се проекциите на Министерството за финансии во Фискалната стратегија која беше усвоена од Владата на Р. Северна Македонија. Фискалната стратегија се усвојува за период од три години и ги содржи среднорочните насоки и цели на фискалната политика, основните макроекономски проекции, износите за главните категории проценети приходи и расходи, како и проекциите за буџетскиот дефицит и долгот.

Сепак, за остатокот од поголемите економии на африканскиот континент, иднината изгледа прилично надежна. Според прогнозата на институцијата Брукингс, тие ќе продолжат да растат со брза стапка во текот на следните 5 години.

БДП на Сенегал се очекува да порасне во просек од 8,3% до 2024 година, Руанда за 7,9%, Нигерија со 7,3% и Уганда за 7,2% и Мозамбик – за 6,9 проценти.

Експертите посочуваат дека африканските земји се соочуваат со можност да го зголемат БДП доколку се потпише африканскиот континентален договор за слободна трговија. Тој предвидува целосно елиминирање на царинските давачки за трговијата меѓу вклучените земји.

Како резултат, вкупниот БДП на континентот може да се искачи на 3 трилиони долари во 2030 година, на сегашното ниво од 2,1 трилион долари. Договорот, исто така, може да доведе до зголемување на трговијата помеѓу 33% и зголемување на вработеноста од 1,2%.