СУГС „Браќа Миладиновци“ ќе добие нов систем за греење

189

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов потпиша Меморандум за соработка со УСАИД и СУГС „Браќа Миладиновци“ за инсталирање нов систем за греење во училиштето.

– Стариот и неефикасен систем за греење ќе биде заменет со нов систем по најсовремени стандарди. Грижата за учениците и создавање здрави услови за работа и учење се врвен приоритет за Град Скопје – потврдија од Град Скопје.