Дали и како ќе се приватизира МЖ Транспорт ќе се знае наесен

136

Во тек и анализа за приватизација на МЖ-Транспорт, информира денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. Според него, таа треба да биде готова наесен, па дури тогаш ќе се знае како ќе се одвива целиот процес.

Тендерот за изградба на автопатот Скопје-Блаце Јавното претпријатие за државни патишта ќе го објави откако Градежниот факултет ќе ја заврши ревизијата на проектот, вели Сугарески.

Тој е категоричен дека годинава ќе почне изградбата на оваа автопатска делница.

Прво ќе се градат два километра од патот за кои се обезбедени средства, а потоа и останатите 10,5 километри, за кои во моментов се изработува студија.

Во ресорното министерстрво велат дека се задоволни од тоа каква е искористеноста на електронските картички на наплатните станици на Коридорот 10, кои се во употреба неполн месец.