Сугарески: Гасоводот во Tетовско е реализиран 40 отсто

97

Реализацијата на магистралниот гасовод, во реонот на Тетовско, достигнува 40 отсто и се очекува брзо напредување поради решените предмети поврзани со експропријацијата. Ова вчера го истакна министерот за транспорт и врски Горан Сугарески при посета на Tетовско.

-Изградбата на капитални проекти е врвен приоритет на нашата Влада. Во моментов се работи во сите сфери и во патната, железничката и гасоводната инфраструктура. Задоволен сум од динамиката на тоа што се случува со магистралниот гасовод. Добро оди динамката на изградба на гасоводната магистрална мрежа од Скопје до Тетово и Гостивар. Лани беа решени голем број предмети од експропријацијата што беа сериозен проблем. Овој дел од гасоводот чини 29 милиони евра и реализацијата е околу 40 проценти, изјави тој.

Сугарески очекува наредната година институциите први да се приклучат на гасоводот, но доколку го завршат својот дел од работата, а потоа приклучоци да добијат и домаќинствата.