Општина Карпош со својата механизација сите собрани суви гранки ќе ги носи во Зоолошката градина каде што ќе бидат преработувани и повторно искористени за создавање на подлога на животните – мајмуните.

– Наместо сувите и скршени гранки да остануваат по јавните површини и парковите, истите ќе бидат преработени и ќе придонесат кон создавање на поприродна средина за живеење на мајмуните во Зоолошката градина, која територијално е под Општина Карпош – велат од оваа општина.

Од таму велат дека овој позитивен пример, за преработка на суви гранки е практика во повеќе развиени земји.

– Неодамна и градоначалникот Стефан Богоев беше во студиска посета на Германија, каде што имаше можност да се увери во повеќе примери за паметно искористување на отпадот и рекултивирање на јавните површини. Во изминатиот период, голем дел и од запленетите гуми кои често придонесуваа за загадување на амбиенталниот воздух беа донирани во Зоолошката градинка или во воспитно – образовните установи, со цел да бидат искористени на креативен начин  – велат од Карпош.