Субвенции за санација на лифтови и поправка на кровови

123

Општина Карпош ќе субвенционира  поправка и санација на лифтови и кровови во згради. За поправка и санација на постоечки лифтови и поставување нови во зградите, општината обезбеди 4 милиони денари од својот буџет, додека за попрака на покриви на зградите и на куќите обезбедени се 3 милиони денари.

– Субвенциите ќе се доделуваат по принципот прв дојден – прв услужен, се до исцрпување на средствата. Висината на субвенциите ќе изнесува најмногу до 50 отсто, но не повеќе од 500.000 денари од вкупниот износ на вредноста за поправка и/или санација на постоечкиот лифт или поставување на нов лифт, односно не повеќе од 350.000 денари, од вкупниот износ на вредноста на поправката и санација на кровниот покривач – соопштуваат од Општина Карпош.

За куќите, локалната самоуправа ќе субвенционира најмногу до 60%, но не повеќе од 120.000 денари, од вкупниот износ на вредноста за замена на азбестниот покрив. За да аплицираат за субвенциите, зградите треба да бидат постари од 25 години.