Студент од Северна Кореја осуден на смрт поради криумчарење на серијата „Squid Game“

200

Севернокореец кој шверцувал копии од јужнокорејска серија „Squid Game“ во таа земја, бил осуден на смрт откако студенти биле фатени додека ја гледаат забранетата серија.

Според американската независна новинска агенција РФА, мажот прошверцувал копии од популарната јужнокорејска серија во Северна Кореја на УСБ флеш дискови и ЦД-картички. Кога официјалните лица дознале дека студенти ја гледаат серијата, веднаш ги презеле „неопходните“ чекори.

Еден од студентите кои ја купиле серијата е осуден на доживотен затвор, додека други шестмина кои гледале пиратска копија се осудени на по пет години тешка работа.

Северна Кореја усвои закон кој забранува и строго казнува увоз на медиумска содржина од Западот и од Јужна Кореја. Максималната казна за гледање, држење или дистрибуција на овој материјал е смртна казна.

Властите сега ги пребаруваат студентските домови во потрага по уште недозволени материјали.

Казната за средношколците предизвика голема загриженост во пошироката јавност.

„Жителите се обземени од страв, бидејќи седуммината ќе бидат безмилосно испрашувани додека властите не откријат како серијата е прошверцувана од границата, која беше затворена поради пандемијата на коронавирус“, изјави извор за РФА.