Студентите се вклучуваат во работата на ковид центрите

39

Студентите од шеста година на Медицински факултет и волонтерите од Воено Медицинскиот центар се вклучуваат во работата на ковид центрите, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

“Помошта која ни ја даваат е многу важна во период кога имаме голем број хоспитализирани пациенти со ковид 19”, напиша Филипче на Фејсбук.

Како што соопшти миностерот, за нив ова е искуство какво што можеби нема да имаат прилика да го видат во нивната кариера како лекари.

“Ваква организација немало до сега ниту кај нас, ниту во светот. Првата група на лекари и медицински сестри веќе е вклучена во сменската работа и во дежурствата”, напиша Филипче.