Канадскиот возач во Формула 1, Ленс Строл, откри дека бил позитивен на коронавирус по трката за Големата награда на Ајфел, поради што морал веднаш да замине во изолација.

  • Во саботата наутро имав проблеми со стомакот. Ги следев сите протоколи и не излегов, бев во строга изолација. Не бев подготвен да возам, па одлетав дома рано наутро. Во меѓувреме, имав тест кој беше позитивен и се изолирав во следните десет дена. За среќа, моите симптоми беа прилично лесни. Сега, направив повторен тест кој е негативен, објасни Строл.