Стриптизерки ги загреваа кошаркарите на Спартак и Самара

274

Неодамна завршеното финале во руската Суперлига меѓу Спартак од Санкт Петербург и Самара, кое гостите ја добија серијата со 2-1, мина во сенка поради настапот на мажоретките и нивниот перформанс. Тие понудија „жешка“ игра пред навивачите пред почетокот на мечот.

Но, овој перформанс на дамите се најде на удар од страна на јавноста, бидејќи во арената имаше и родители со деца, кои реагираа и го осудија настапот како крајно неприлагоден. Имено, девет девојки, облечени во танги и високи потпетици играа во ритамот на музиката, притоа изведуваа движења карактеристични за стриптизерки.

Требаше да не предупредат дека ова е „18+“ претстава. Ова беше вистински стриптиз. Неприфатливо за јавни места, вклучувајќи ги и спортските арени, гласеше еден од коментарите на родителите.