Странските инвеститори ќе ги претстават членовите на работните групи Дуално образование и Accomplish Excellence

    31

    Делегацијата на германското стопанство утре ќе го одржи првиот состанок на кој германските и останатите странски инвеститори ќе ги претстават членовите на работните групи Дуално образование и Accomplish Excellence.

    Целта на овие работни групи е да се утврдат потребите на инвеститорите во овие две области, како и преку размена на искуства да си помогнат меѓусебно во надминувањето на предизвиците.

    Делегацијата ја најавува и традиционалната тркалезна маса на германските инвеститори со вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи што треба да се одржи во февруари, а целта е на транспарентен начин да се претстават идеите и потребите на бизнис заедницата.