Странските директни инвестиции во светот се на најниско ниво од 2009-та

59

Глобалните странски директни инвестиции (СДИ) се намалиле за 19% во минатата година до 1,2 илјади милијарди долари главно поради даночните реформи на американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти Конференцијата на ОН за трговија и развој (UNCTAD), цитирана од светските агенции.

Директните странски инвестиции, вклучувајќи ги прекуграничните спојувања и превземања, внатрешно компаниското кредитирање и инвестирањето во стаптап проекти во странство, се индикатор за глобализацијата и потенцијален знак за раст на корпоративните набавки на синџири и на идните трговски односи.

Нагорен тренд, сепак може да се јави, ако компаниите ги повлечат инвестиции од странски проекти или ги вратат приходите во татковината.

Најниското ниво на нето глобалните „СДИ“ од 2009-та година е резултат на враќањето на акумулирани приходи од американските компании во вредност од најмалку 300 милијарди долари, за да имаат корист од даночното олеснувања на Трамп.

Нето инвестициите во Европа се намалиле за невидени 73% до 100 милијарди долари, најниско ниво од 90-тите години на минатиот век, бидејќи американските компании преземале ги повлекле добивките од филијалите во Ирска, Швајцарија и други земји.

Директорот на одделот за инвестиции и вложувања во „UNCTAD“, Џејмс Чен за новинарите изјави дека враќањето во САД на добивките од американски компании се одложени и оваа година е можен скок на „СДИ“, но исто така постојат и растечки ризици.

„Гледаме дека протекционистичките мерки на голем број земји се засилуваат, а изгледите за растот на светската економија се влошуваат“, изјави Чен.

САД остана топ дестинација за „СДИ“ во 2018-та година, така што привлече 226 милијарди долари, што сепак е со 18 отсто помалку во однос на 2017-та година.

На второ место е Кина со раст од 3% до 142 милијарди долари, а на третото место е Велика Британија со скок од 20% до 122 милијарди долари, главно заради удвојувањето на реинвестирањето на приходите и зголемувањето на вредноста на трансакциите за спојувања и превземања.

„И покрај огромната несигурност околу „Brexit“, британската влада ги зголеми напорите за стимулирање и олеснување за новите инвестиции, како и за задржување на постојните инвестиции во земјата, вклучително и преку создавање на стратегија и донесувањето на нови мерки за привлекување на странски инвестиции“, изјави Чен за „Ројтерс“.

Меѓу најзначајните „мега“ шеми минатата година беа купувањето од „Comcast“ на „Sky“ за 40 милијарди долари, купувањето од „Vantif“ на „Worldpay“ за 10 милијарди долари и стекнувањето на бизнисот на „Uniliver“ со маргарин и намази од „KKR“ за 8 милијарди долари.

Една од најголемите области на раст во 2018-та година биле објавените „зелени“ инвестиции во земји во развој во Азија, кои се зголемија за 84% до 390 милијарди долари.

Чен смета дека растот се должи главно на реструктуирањето на синџирите за доставување од компаниите во Југоисточна Азија, за да се избегнат трговските тензии, како и на новите можности од целосниот и прогресивниот договор за „Comprehensive and Progressive Trans-Pacific Partnership Agreement – CPTPP“ потпишан од 11 земји, како и либерализацијата на инвестициите во Кина.