СТРАВИЧНА ГЛЕТКА ВО ЦЕНТАРОТ НА КИНА: Камиони во пламен – учесници во верижен судар на 50 возила!

74

Во верижен судар на автопат во центарот на Кина загинаа 16 лица, а десетици се повредени, соопштија властите.

Снимките објавени од кинеските медиуми покажуваат запалени камиони и оштетени автомобили.

Во интервал од 10 минути синоќа околу 50 возила учествувале во судир на автопатот во провинцијата Хуан, а некои од нив се запалиле, извести локалната сообраќајна полиција.

Според снимката објавена на интернет од Дневник Народа, државен весник, се гледаат неколку камиони запалени, вдлабнати и превртени автомобили и облак чад над местото на несреќата.

Според весникот, судирот се случил во метрополата Чангша и на местото на несреќата се испратени повеќе од 180 спасувачи.

Според сообраќајната полиција загинале 16 лица, од кои седум во само еден судар, а 66 се повредени.

Полицијата соопшти дека повредените биле брзо пренесени во болница, дека осуммина од нив се во тешка состојба, но виталните знаци се стабилни.

Кинеското Министерство за вонредни состојби објави дека побарало истрага за причините за несреќата.