СТО прогнозира раст на светската трговија од осум проценти

33

Светската трговска организација (СТО) очекува светската трговија со стоки да порасне за осум проценти во 2021 година, по падот од 5,3 отсто во 2020 година.

Растот се очекува да биде четири проценти во 2022 годинасе вели во прогнозата на организацијата објавена денеска.

Во документот се нагласува дека во 2022 година „растот на трговијата веројатно ќе забави на четири проценти“. Во исто време, „вкупната трговија ќе остане под тенденцијата од пред пандемијата“, се вели во прогнозата.

Во октомври 2020 година, СТО прогнозираше пад на светската трговија со стоки од 9,2 проценти до крајот на годината.