Стотина натпреварувачи го трчаа „Раштак треил“

161

Околу сто млади натпреварувачи учествуваа на годинешната планинска трка „Раштак треил“, што беше организирана од oпштина Гази Баба во соработка со маратон-клубот „Делта“.

– Раштак е прекрасно место кое преку својата убава природа, претставува одлична локација за спорт и рекреација. Токму тоа беше и целта на овој маратон, преку спортување и дружба да се промовираат на сите граѓани убавините на Раштак и планината Скопска Црна Гора – соопштија од општина Гази Баба.

Планинарската трка „Раштак треил“ полека прераснува во нова спортска традиција на општина Гази Баба.

– Продолжуваме и во иднина да даваме поддршка на вакви спортски настани, со цел да ги поттикнеме младите се повеќе да спортуваат и рекреираат – посочија од општината.