Стоп за  некотролирана употреба на антибиотици, тие не лекуваат корона!

Апел до граѓаните и лекарите

90

На оваа тема деновиве предупреди и д-р Нико Беќеровски од Клиниката за токсикологија укажувајќи дека многу габични инфекции меѓу кои и  CANDIDA AURIS, како и голем број на интрахоспитални инфекции, отворени рани се  токму поради неконтролирана употреба  на антивиотици. Професорот  д-р Никола Пановски и познатиот епидемуиолог Драган Даниловски постојано апелираа до своите колеги да не дават атибиотици во третманот на ковидот, бидејќи тие го слабеат организмот и вирусот побрзо напредува

 

Некотролираната употреба на антибиотици во Македонија  со години наназад  е тема на која стручните лица постојано апелираат, но и покрај тоа за многу болести кај нас се усте се пропишува оваа терапија.  Анализите потврдуваат дека во земјава заради прекумерното и нерационално  користење  од сите видови на антибиотици  се предизвикува резистентност и отпорност при лекување на голем број на бактериски заболувања. Ако се продолжи со вакво темпо до 2050 година годишно  според светските лекари  на земјината топка ќе умираат околу 10 милиони лица како последица на  резистентност на антибиотици.

На оваа тема деновиве предупреди и д-р Нико Беќеровски од Клиниката за токсикологија укажувајќи дека многу габични инфекции меѓу кои и  CANDIDA AURIS, како и голем број на интрахоспитални инфекции, отворени рани се  токму поради неконтролирана употреба  на антивиотици.

– CANDIDA AURIS прв пат е откриена во Јапонија 2009 година.  За разлика од останатите габични инфекции, нејзиното детектирање е многу покомплицирано, (кај нас скоро невозможно), а третманот дури и со најсовремените антимикотици неизвесен. Кај  нас овие лекои и не се достапни. Смртноста при системска инфекција >35%-70%-пишува на својот ФБ профил д-р Беќеровски.

За време на ковид пандемијата во Македонија енормно многу се  пропишуваат антивиотици и за лекување на коронавирусот, иако се знае дека вирус не се лекува со овие лекови. Професорот  д-р Никола Пановски и познатиот епидемуиолог Драган Даниловски постојано апелираа до своите колеги да не дават атибиотици во третманот на ковидот, бидејќи тие го слабеат организмот и вирусот побрзо напредува.

Професорот д-р Даниловски деновиве  преку весникот ВЕЧЕР  ги предупреди здравствените власти навреме за есенско-зимскиот бран  да се снабдат со нови современи лекови со кои се лекува коронавирусот и да  подготват нови протоколи во лекувањето..

На социјалните мрежи се повеќе се јавуват постови од наши сограѓани кои што живеат надвор од земјава дека кога си заминуваат од Македонија се враќаат со полна торба лекови, каде задолжително  има и антибиотици, бидејќи во земјите од ЕУ многу ретко ги пропишуваат.

 -Секоја година во светот умираат околу 700 илјади лица, како резултат на инфекции со бактерии отпорни кон повеќе антибиотици. Отпорноста кон антибиотиците е причина за смрт на  33 илјади луѓе, само во Европската унија,а  секоја година и овој број се зголемува – велат од ИЈЗ и потсетуваат дека во земјава без рецепт во аптека не може да се земе антибиотик.

Тие им порача на граѓаните да не земаат на своја рака антивиотици и да не бараат од матичните лекари безда им даваат рецепти за антибиотици.

-При вируснуи инфекции не се препорачува лекување со антибиотици тие не дејствуваат, неопходна е друг вид на терапија- потсетуваат од ИЈЗ.

Според последните анализи на Светската здравствена организација (СЗО) Холандија е земја во Европа каде има најмала потрошувачка на антибиотици. На пример Франција троши трипати повеќе антибиотици од Холандија, што предизвикува загриженост кај  нивните здравствени власти. Според последниот извештај, здравственото осигурување би можело да заштеди 400 милиони евра доколку француската потрошувачка е иста како и онаа на Холандија.Од земјите од ЕУ, Грција и Кипар исто така имаат висока потрошувачка на антибиотици.

(В.Ма.)