Стопанска банка дел од 180-годишната историја на НБГ

282

Националната банка на Грција, на крајот на март одбележа 180 години постоење, а годинава означува и 21 години од стратегиската инвестиција во Стопанска банка АД – Скопје. 

Во соопштението стои дека банката и покрај ковид-19 пандемијата, во 2020 година ги докажа своите силни перформанси и здравата основапри што се постигна подобар биланс на состојба. – Кредитното портфолио на Банката порасна на  1.2 милјарда евра, депозитите на 1.4 милјарда евра, со што беа постигнати извонредни резултати. Банката оствари нетодобивка за 2020 година од 32 милиони евра, наведуваат во соопштението. 

Генералниот извршен директор на Стопанска банка АД – Скопје, Диомидис Николетопулос изразува задоволство што Стопанска банка АД Скопје продолжува да има свое место во 180-годишната историја на NBG.

-Пред околу 21 година, почна успешното заедничко чекорење на две историски значајни банки во регионотовозможувајќи ѝ на Стопанска банка АД – Скопје да прерасне во силната профитабилна банка каква што е денес, столб што ја поддржува економијата на Северна Македонија и секако, е значен дел од  NBG Групацијата, вели Николетопулос.

Извор: МИА