Дома ЕКОНОМИЈА Стомнароски: Целиот договорен тутун ќе биде откупен, предлагаме и нови повисоки цени...

Стомнароски: Целиот договорен тутун ќе биде откупен, предлагаме и нови повисоки цени по класи

597

Според Методија Стомнароски, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија, од Прилеп порача дека е разговарано со откупувачите кои гарантираат дека нема да остане ниту еден килограм договорен тутун.

-Ги охрабрувам сите тутунопроизводители кои имаат тутун за откуп, да не ги фаќа паника и никој да не ги манипулира дека тутунот нема да им биде откупен. Разговаравме со откупувачите и тие дадоа гаранција дека ќе биде откупен сиот тутун што е договорен. Ако досега, за 50 дена се откупени 25.300 тони, овие наредни 20-ина дена ќе бидат откупени останатите 600 до 700 тони. Доколку некоја компанија не сака да им го откупи тутунот, а тутунарите имаат договор, да не известат во Сојузот, а ние ќе го информираме инспекторатот, ќе излезиме на откупните пунктови и тутунот во целост ќе биде преземен, рече Стомнароски.

Стомнароски извести дека поднеле нов предлог-правилник за откуп на тутунот, во кој стои и официјално тутунот од новата реколта да се купува во три класи, а разликата меѓу цените да не биде поголема од 60 денари. Имаат и нови предлог – цени.

До Министерството за земјоделство доставивме нов правилник за откуп на тутунот и очекуваме да биде прифатен. Со новиот правилник бараме тутунот од наредната реколта да се проценува во три класи како што беше последните две години. Освен тоа, бараме квалитетната трета берба да влезе во прва класа. Предлагаме и нови цени и разликата меѓу класите да не биде поголема од 60 денари. Така, за прва класа бараме цената да биде 300 денари за килограм откупен тутун, за втора класа 240 денари, а за трета класа бараме цена од 180 денари за килограм тутун. Сметаме дека ова се реални цени, изјави Стомнароски.

Според Стомнароски, останува големите откупни фирми да го дооткупат договорениот тутун. Така „Сокотаб” од Битола и „Алијанса” од Кавадарци имаат по околу 700 до 800 тони за купување и останати се на теренот со дежурни ваги.

-Производителите да го носат тутунот каде се дежурните ваги и доколку имаат проблем и им го пролонгираат рокот за откуп, да нѐ известат и ние ќе го информираме инспекторатот и ќе биде преземен тутунот, рече Стомнароски уверувајќи дека Сојузот ќе интервенира и кај откупувачите и нема да дозволи да остане неоткупен тутун, нагласува Стомнароски