Дома СВЕТ Столтенберг загрижен поради последиците од турската акција во Сирија

Столтенберг загрижен поради последиците од турската акција во Сирија

62

– Загрижен сум за последиците … во врска со напредокот што го постигнавме во борбата против нашиот заеднички непријател „Исламска држава”, рече Столтенберг, нагласувајќи ја важноста за зачувување на ваквиот напредок.

Велика Британија и другите европски земји ја запреа продажбата на оружје на Анкара, откако започна воена операција во северна Сирија.

Столтенберг таквите постапки ги коментираше како „одраз дека многу сојузници на НАТО се многу критични и ја осудуваат воената операција во северна Сирија”.