Столарија и систем за греење од Владата за градинките „Мајски цвет“ и „Пролет“

47

Членовите на Советот на Општина Карпош на денешната онлајн седница ја изгласаа одлуката за прифаќање на движни ствари – столарија (прозорци и врати) на трајно користење без надомест, доделени од Владата во вредност од околу 2.100.000 денари, кои ќе бидат употребени во градинката „ Мајски Цвет“ во населбата Тафталиџе 1 .

Советниците прифатија и донација движни ствари – Даикин пумпи (систем за греење) на  трајно користење без надмост во вредност од 3.700.000 денари од Владата и тие ќе бидат инсталирани во градинката „Пролет“ во Влае 1.

На оваа седница, како што соопшти Општина Капош, беше донесена и Одлука за измена на распоредот на средствата на буџетот на Општина Карпош, преку буџетски ставки со кои ќе се подобри функционирањето на основните училишта и градинките кои се наоѓаат на територијата на локалната самоуправа.