Столарски едукативни работилници од февруари до јули  

ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА „ОДРЖЛИВИ ИНИЦИЈАТИВИ“

398

Се организираат столарски едукативни работилници од „Одржливи иницијативи“ во Столарскиот едукативен центар на улицата „Осма ударна бригада“ број 39/-1.

Работилниците во чии рамки ќе може да се научат практични вештини и да се развие креативноста, ќе траат шест месеци, од февруари до јули 2023 година, и тоа два пати неделно, во вторник и во четврток, по два часа, од 19 до 21 часот. Првиот термин е на 21 февруари 2022 година.

Работилниците се наменети за лицата што сакаат да стекнат основни, лични столарски вештини и што сакаат да се занимаваат со столарство. При тоа, не е потребно искуство. Особено се поттикнуваат жените да се пријават.

Во работилницата ги има потребните алат и материјали за спроведување на активностите. Учесниците треба само да понесат лична заштитна опрема (заштитни очила, заштитни ракавици, FFP2/N95-маска и тампони за уши) и да се соодветно облечени за работа и можна прашина.

Групите ќе бидат ограничени на 10 лица, со цел да се овозможат ефективно пренесување на знаењата од инструкторите – професионални столари и комоција на движење и работа во просторот.

Материјалите што ќе се користат, се остаток од производството на мебел од компаниите  поддржувачи, со што ќе се намали отпадот што се создава во индустријата за производство на мебел.

– Во столарството не постои отпад, само парчиња што допрва треба да најдат употреба – велат организаторите.

Котизацијата за учество во работилницата е 30.000 денари, по 5.000 денари месечно – на почетокот од секој месец. Има попуст од 16% за уплата на целата котизацијата пред почетокот на работилницата – 25.000 денари.

Пријавувањето за работилницата е отворено до 12 февруари и ќе се врши на принципот  „први пријавени – први услужени“. За пријавени ќе се сметаат оние лица што ќе имаат пополнето пријава и уплатена котизација. За да се спроведе работилницата, потребни се најмалку шестмина учесници.