Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров се соочува со проблем пред реваш дуелот со Данска во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2022 година.

Селекторот на реваншот нема да може да смета на искусниот пикер Стојанче Стоилов, кој поради повреда нема да патува на реваншот, а Лазаров ќе мора да се потпре на Жарко Пешевски и Никола Маркоски.

Реванш дуелот во рамките на четвртото квалификациско коло за пласман на Европското првенство ќе се одигра в недела во Алборг, со почеток од 16:00 часот.