Македонското дерби меѓу Варадр и Еурофарм Пелистер донесе гостинска победа на тимот од Битола.

Тензичниот финиш предизвика мал инцидент, во кој беше вклучен пикерот Стојанче Стоилов. Поради негодување на неколку судиски одлуки, кружниот напаѓач реагираше неспортски и за тоа доби суспензија од еден натпревар. Санкциониран беше и тимот предводен од Давид Дејвис, поточно „црвено – црните“ ќе мора да плати 60.000 денари.

Пелистерци на тој атпревар запишаа голем триумф и сега се во пол-позиција за освојување на титулата. Следното големо дерби се игра во салата „Боро Чурлевски“ на крајот од април. Стоилов ќе го пропушти саботното гостување во Битола, кога вардарци гостуваат против Еурофарм Пелистер 2.