ВМРО ДПМНЕ: Заев е очаен и го жртвува докажаниот губитник Пендаровски

67

Почитувани,
Зоран Заев е очаен. Свесен е дека граѓаните му завртеа грб и дека се противат на антидржавните и на криминалните политики, па одлучи заедно со неговите партнери да го жртвува докажаниот губитник Стево Пендаровски.
Стево Пендаровски е тажен избор кој покажува колку ниско е паднат СДСМ и колку ниско е паднат Зоран Заев. После пет години да не се најде нов кадар кој што би бил достоен да се кандидира за претседател на Република Македонија е најдобриот доказ дека квалитетните, чесните и искрените поединци одбиваат да ги бранат политиките на Зоран Заев. После пет години да им се понуди на граѓаните кандидат еднаш веќе отфрлен од нив е целосно потценување на народот во надеж дека гласачите кратко помнат и ги заборавиле навредите на Пендаровски кон нив. Пред пет години кога жестоко беше напаѓан Али Ахмети од страна на Стево Пендаровски, и од тогашната власт, Пендаровски освои 398.000 гласови, 140.000 гласови помалку од Ѓорге Иванов, актуелниот претседател на Република Македонија.

Јасно е дека Стево Пендаровски повторно ќе биде поразен. Тоа е неговата улога. Пендаровски е повторно жртвеното јагне на Зоран Заев и на СДСМ.

Со одлуката да го кандидира Стево Пендаровски, Зоран Заев ги заштитува своите најблиски соработници Оливер Спасовски, Радмила Шекеринска и Никола Димитров. Некој мора да биде поразен, а Спасовски, Шекеринска и Димитров му се поважни на Заев од Стево Пендаровски. Стево Пендаровски е партиски послушник на Зоран Заев подготвен да клати со главата и да ги аминува сите негови политики. Пендаровски да потсетиме гласаше за двојазичност, легитимираше криминални државни, крвави избори како претседател на ДИК, го советуваше Бранко Црвенковски за аболицијата за Заев, се сложи со трговијата со тиранската платформа, се сложи со бришењето на идентитетот на македонската држава, на македонските граѓани.

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ