Стипендии за 20 студентки на инженерските факултети

72

Групацијата „Лимак“, заедно со  Министерството за образование и наука и програмата за развој на Обединетите нации УНДП, обезбеди стипендии за 20 студентки кои студираат на инженерските факултети, преку иницијативата Global Engineer (GEG), чија главна цел е да обезбеди поддршка за девојките и младите жени и да го зголеми нивното учество во СТЕМ – областите, каде што историски доминираат мажите.

Од 169 студенти по инженерство кои аплицираа за програмата за време на тринеделниот период за пријавување, кој почна на 19 декември 2022 година, успешните кандидатки беа избрани врз основа на нивните академски достигнувања и вклученоста во дополнителни активности. Добре дојде на првата група учеснички на Global Engineer Girls North Macerdoniaим посака Ебру Оздемир, претседателка на Групацијата Лимак и основачка на Global Engineer Girls.

Според Армен Григоријан, постојан претставник на УНДП во државава, економското зајакнување на жените и девојките е една од стратешките цели во работата на Програмата за развој на Обединетите нации.

-Како држава можеме да бидеме горди што имаме повеќе девојки и жени со успешна СТЕМ кариера и тие се инспиративни модели за младите да се посветат на учење, наука и истражувања – изјави министерот за образование Јетон Шаќири.

(А.П.)