Стипендии за 12 талентирани ученици и спортисти

29

Дванаесет средношколци и студенти од Крива Паланка, од кои шестмина талентирани ученици и шестмина спортисти добија стипендии од Општината.

Најдобрите кои конкурираа се стекнаа со право на финансиска поддршка за девет месеци, колку што трае учебната година.

Доделени се три стипендии за студенти, три за средношколци, како и за пет спортисти од колективен спорт – кошарка, успешни и талентирани кошаркарки и еден карате шампион од индивидуалните спортови.

– Овие стипендии се само еден мал стимул и поттик за остварување на уште поголеми успеси и резултати од страна на најталентираните млади и нивниот понатамошен живот – информираат од Општина Крива Паланка.

Стипендијата ќе се исплаќа за период од девет месеци и изнесува 3.000 денари месечно.