Легендарниот музичар Стинг требаше вечерва да настапи во Штудгарт и утре во Славков у Брна во Чешка, но на неговите официјални профили на социјалните мрежи беше објавена порака која ги загрижи неговите обожаватели.

Се наведува дека музичарот не се чувствува добро и дека по препорака на лекар ќе мора да мирува и да ги откаже сите концерти до недела, како и дека жали поради тоа.

Дека познатиот Британец во последно време има здравствени проблеми, покажува и тоа дека ова е втор негов најавен концерт кој нема да го одржи.

Стинг во понеделникот го откажа концертот на џез-фестивалот во Гент во Белгија, исто така поради болест.