Стигнува кинеската Нова година – што носи среќа во годината на свињата?!

124

Кинеската Нова година е речиси тука, а со неа доаѓа и многу верувања на основа на кои може да се одреди како ќе изгледаат наредните 12 месеци за секој од нас.

Чистење на облека, користење на ножици, како и чистење подови се само некои од лесните работи кои треба да се избегнуваат во вторник. Според кинеското верување да се работи нешто од наведеното на 5 февруари, денот кога се дочекува кинеската Нова година, ќе донесе лоша среќа цела наредна година. Сепа не е се така црно, па така Новата 2019 година е година на Свињата, а ова животно по истотот верување го симболизира богатството, наведува британски Телеграф.

Декорациите се важен дел од доаѓањето на Новата година, а црвената боја е главна боја на празникот. Слично на давањето подароци во текот на Божикните празници, Кинезите едни на други си подаруваат црвени коверти со пари, што е важен дел од традицијата.

Кинеската Нова година се слави 15 дена, со бројни обичаи и подготовки.

Кинеската нова година е најважен празник за Кинезите ширум светот, кога стотина милиони луѓе одат на пат за да го прослават со своите семејства. Тоа е период на најголемите миграции кои се случуваат во светот секоја година. Кинеските власти очекуваат дека во наредните 40 дена на нивната територија ќе има речиси три милијарди патувања на кои луѓето ќе тргнат со авиони, возови или авиони.

Кина во вторник го прославува почетокот на годината на свињата, а за најмладите тоа ќе биде посебна можност да ја гледаат новата епизода од популарниот цртан филм “Прасето Пепа”, британски анимиран филм за деца во претшколска возраст.

“Прасето Пепа” неодамна било на мета на критики на кинеските власти и некои епизоди биле цензурирани на некои интернет платформи. Серијата е толку популарна во Кина што се продава облека, шолји и часовници со ликот на симпатичната Пепа и нејзиното друштво. Последните недели продавниците се посебно снабдени со кадифени играчки со нејзиниот лик. Епизодата “Прасето Пепа слави кинеска Нова година” ќе биде емитувана за време на распустот и во текот на обележувањето на Новата година.