Стиви Вондер ја извести својата публика за трансплантанцијата на бубрегот

136

Американската музичка легенда Стиви Вондер ќе мора да оди на трансплантација на бубрег.

„Јас сум добро, добро сум, сѐ е во ред, имам донор и сѐ е во ред“, изјавил 69-годишниот пејач пред публиката на концертот во рамки на музичкиот фестивал Британско лето во Хајд парк.

Откако заврши со песната Superstition тој ѝ се обрати на публиката кажувајќи дека сака да ги спречи гласовите кои се шират за неговото здравје.

Сакам да знаете, дојдов да ве поздравам и да ви се заблагодарам на љубовта. Ве сакам и Бог да ве благослови!, додал тој. „Операцијата ќе биде во септември, ама пред тоа ќе одржам уште неколку концерти“, изјавил Вондер пред публиката која гласно го следеше неговиот настап.

Поддршка на концертот во Лондон на Стиви му беше неговиот пријател Лајонел Ричи.

Вондер во 2017 година му оддаде чест на поранешниот фронтмен на „Комодорес“ изведувајќи ја Easy на свеченоста во негова чест во центарот „Кенеди“.

Ричи подоцна рече: „Влегов во бизнисот бидејќи сакав да бидам како Стиви Вондер, а Стиви сега пее моја песна, тоа е надреално.“

Бондер кој е слеп од раѓање, познат е по класиците како Superstition, You are the Sunshine of my Life и Living in the City.