Американскиот Стрејт департмент ги предупреди граѓаните на САД да бидат исклучително внимателни доколку патуваат со Саудиска Арабија.
Предупредувањето е објавено на веб-страницата на Стејт департментот, а следува по нападот на нафтената фабрика „Сауди Армако“. Како што пренесува агенцијата „Ројтерс“, претставниците на мисијата на САД во Саудиска Арабија и нивните семејства немаат дозвола да го користат аеродромот „Абхи“ без одобрение од шефот на мисијата.
Аеродромот Абхи често е цел на напади со дронови и беспилотни летала од Јемен, каде коалиција предводена од Саудиска Арабија се бори против бунтовничката група Хути.