Стејт департментот одобри продажба на ракети на Јужна Кореја

93

Американскиот Стејт департмент одобри продажба на рекети за противвоздушна одбрана на Јужна Кореја во вредност од 314 милиони долари, соопшти Пентагон.

Во соопштението се наведува дека на Јужна Кореја, која е клучен американски сојузник во Азија, и е одобрена продажба на 94 ракети СМ-2, како и 12 системи за наведување и техничка поддршка.

Ваквата најава се очекува да предизвика реакции во Северна Кореја, која неодамна го критикуваше Сеул поради набавката на ново оружје од САД, кое вклучуваше и авион од типот Ф-35.