Двајцата најдобри играчи на Пари Сен Жермен на крајот од сезоната, Лук Стајнс и Камил Сипжак потпишаа нови договори со францускиот клуб. Холанѓанецот се обврза на верност до летото 2026 година. Во неодамнешната последна, историска сезона за ПСЖ, малиот играч за врска вторпат по ред беше прогласен за најкорисен играч во францускиот шампи

-Многу сум среќен што ќе ја продолжам оваа убава приказна со Пари Сен Жермен. Минатата сезона беше неверојатно искуство, со неверојатен рекорд од 30 победи во 30 првенствени натпревари и титула во Купот на Франција. Заедно со моите соиграчи нашето внимание сега е насочено кон следната сезона, рече Стеинс.

Лук Стајнс пристигна од Тулуз во ноември 2020 година, како замена за тогаш повредениот Никола Карабатиќ. Тоа беше изнудено решение, а се покажа како еден од најдобрите трансфери за избраниците на Раул Гонзалез.

Шипжак, кој пристигна во летото 2019 година од Барселона, потпиша до крајот на сезоната 2024/2025. Од пристигнувањето има освоено три првенства и два национални купа.

-Ова продолжување на договорот за мене е логично решение на двете страни. Пари Сен Жермен се стреми кон извонредност и тоа ја зајакнува мојата желба да бидам долгогодишен играч на таков клуб. Од многу причини се чувствувам добро во овој клуб и во овој град, што ми овозможува да го играм најдобриот ракомет во кариерата. Имам и чувство дека можам да одам чекор понатаму со останувањето во Париз и многу сум среќен поради тоа. Сигурен сум дека сè уште можам да придонесам за тимот и да им дадам на нашите навивачи многу задоволства во наредните сезони, изјави Шипжак.