Катица Јанева ги потпишуваше сите решенија кои што излегуваа од СЈО, изјави обвинителката Лиле Стефанова која го води случајот „Империја“ во која осомничени се Орце Камчев, Сашо Мијалков и 12 други лица.
– Не сум потпишала ниту едно решение за пуштање од притвор во куќен притвор, ниту пак одлуката за давање на патни исправи на Цветан Панделевски. Не стравувам дека можам да бидам инволвирана во новата истрага. Нема зошто да бидам инволвирана. Не знам дали треба госпоѓа Јанева да стравува. Тоа ќе ја прашате неа – додаде
Стефанова.