Стерлинг под итно го напушти Катар

74
epa10318124 Bukayo Saka (R) of England celebrates with teammate Raheem Sterling (L) after scoring the 2-0 lead during the FIFA World Cup 2022 group B soccer match between England and Iran at Khalifa International Stadium in Doha, Qatar, 21 November 2022. EPA-EFE/Neil Hall

Рахим Стерлинг не беше во конкуренција за 1/8 финалниот дуел од СП 2022 помеѓу репрезентациите на Англија и Сенегал. Сосема очекувано, „Гордиот Албион“ забележа убедлива победа од 3:0, а по натпреварот Фудбалската Асоцијација на Англија потврди дека Стерлинг си заминал од Катар поради „фамилијарна ситуација“, а британските медиуми открија дека вооружена група влегла во неговиот дом.

И селекторот на Англија, Герет Саутгејт, не сакаше да потврди дали вооружениот грабеж е причината за заминувањето на крилниот напаѓач на Манчестер Сити.

  • Најважно е сега да биде покрај својата фамилија. Ние му даваме безрезервна подршка и ќе му дадеме време колку и да му е потребно. Не сакаме да го ставиме под притисок. Понекогаш, фудбалската игра не е најважната работа, фамилијата треба да биде на прво место, изјави Саудгејт.

Предводникот на „Гордиот Албион“ не е сигурен дали Стерлинг ќе се врати на СП 2022, каде Англија, во 1/4 финалето за противник ќе го има бранителот на тронот, репрезентацијата на Франција.

Новинарот Абка Фитц-Хенли откри дека вооружените разбојници влегле во куќата на Стерлинг во Лондон и го украле целиот накит и останатите вредни работи додека неговата фамилија била во куќата.

  • Од неговиот дом исчезна се што вреди и се што можеа да понесат со себе. Се има впечаток дека грабежот бил добро испланиран, откри анонимлниот извор. Стерлинг во групната фаза постигна два погодока и запиша една асистенција.