Стерлинг е (не)реална желба

48

Поголемиот дел од шпанските медиуми ја пласираа и информацијата дека раководните лица на каталонскиот гигант Барселона ќе се обидат за време на летниот преоден рок да ги осигураат услугите на крилниот напаѓач на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг. Репрезентативецот на Англија е проценет на околу 100 мил. фунти и поради лошата финансиска ситуација која владее на „Ноу Камп“, тешко е за верување дека Стерлинг ќе го облече дресот на Барса.