Секој знак од Зодијакот носи одредени карактеристики за личноста, но хороскопот многу често може да се прочита на неколку начини, поради што многу често се „лепат“ карактеристики на хороскопските знаци кои не се точни.

Ова се најчестите стереотипи за хороскопските знаци:

ОВНИТЕ се импулсивни

Тој е огнен знак, што не значи дека е премногу темпераментен или дека не може да го контролира својот карактер. Овните се двигатели на Зодијакот, како и првородените. Тие често имаат ненадејни реакции, но тоа го прават само кога ќе ги испитаат сите факти.Тие се всушност многу методични. Затоа, немојте да претпоставувате дека не се способни да бидат добар партнер или пријател поради она што го слушате за нивниот знак.

БИКОВИТЕ се мрзеливи

За биковите се вели дека се мрзеливи, но тоа е далеку од вистината. Постојано работат за да ги постигнат своите цели и знаат да уживаат во релаксација, но само кога ќе ги завршат сите обврски.

БЛИЗНАЦИТЕ се недоверливи и дволични

Со оглед на тоа дека Близнаците симболизираат двојност, честопати можеме погрешно да ги карактеризираме како дволични и несигурни. Но, не секогаш е тоа така. Близнаците имаат тенденција да ги убедуваат другите дека грешат, што ги прави да изгледаат како дволични, но во реалноста тие се обидуваат да создадат хармонија меѓу другите. Дополнително, бидејќи со нив владее Меркус, од сите знаци, тие најбрзо реагираат кога некој ќе се обиде да воспостави комуникација со нив, било преку телефон, СМС или е-пошта.

РАКОТ е плачко

Иако нема ништо лошо во солзите, Ракот има многу подобра контрола над своите емоции отколку што сугерираат стереотипите. Со нив владее Месечината, а Ракот е најчувствителниот емотивен знак на Зодијакот. Раковите имаат ѕид за своите емоции и не дозволуваат некој така лесно да ги вознемири. Овој емотивен оклоп кај нив спречува подлабоки емоции.

ЛАВОВИТЕ сакаат драма

Иако не е целосно неточно, ова клише за Лавот секако е претерување. За Лавовите постои мислење дека се натпросечно драматични. Сепак, тие се едноставно премногу горди што понекогаш може да се помеша со драматична реакција, велат астролозите.

ДЕВИЦИТЕ мора да имаат се под контрола

Девиците сакаат работите да се одвиваат на одреден начин, но тоа апсолутно не значи дека не се во состојба да направат компромис. Сакаат ред и концизна комуникација, бидејќи тие се аналитичкиот дел на Меркур. Исто така, тие ќе ве набљудуваат додека не откријат што се факти, а што измислувате. Немојте веднаш да претпоставувате дека не можете да се дружите со некоја Девица, бидејќи тие се всушност искрени и отворени за предлози.

ВАГИТЕ се неодлучни

Само затоа што Вагите се обидуваат да ја балансираат својата внатрешна природа, не значи дека се постојано несреќни. Иако на моменти им се чини дека им е тешко да одржуваат рамнотежа, Вагите наоѓаат рамнотежа во одмерувањето и анализирањето на секоја ситуација. Тие ја сакаат слободата, но кога ќе влезат во врска се крајно верни.

ШКОРПИИТЕ се опсесивни

Овој хороскопски знак набљудува користејќи го своето мислење, засновано на факти, за да го знае и разликува доброто од лошото и погрешното. Можеби ќе им треба подолго време да сфатат што навистина сакаат во животот, но штом ќе го знаат тоа, ќе направат се за да го добијат тоа што го замислиле.

СТРЕЛЦИТЕ се незгодни

Иако Стрелецот е главно искрен, немојте да претпоставувате дека е злобен и саркастичен.Стрелецот навистина го користи својот лак и стрела, но само со зборови за да ја покаже својата искрена природа и никогаш нема намера да ги повреди другите.

ЈАРЦИТЕ се ладни

Без разлика што се зборува за нив, тие не се ладни работохоличари без чувства. Тие се чувствителни и забавни затоа што можат да се пробијат низ емотивните води, но и да стојат цврсто на земја. Јарците се слатки и ги сакаат речиси сите околу себе. Тие работат напорно, но затоа што се паметни и добри во својата работа и одлучни се да ја завршат секоја работа

ВОДОЛИИТЕ се малку глупави

Иако сакаат авантури, тие не се „чудни“ како што ги етикетираат. Тие често добиваат репутација на „слободни љубовници“. Во реалноста, сепак, најмногу им се допаѓа редот и структурата. Доколку го имате овој знак меѓу вашите пријатели, времето ќе го поминете на најзабавни места.

РИБИТЕ се чудни

Не се сите Риби несигурни или недостапни. Тие живеат под вода и го гледаат материјалниот свет поинаку од повеќето други, а тоа е поради креативниот ум што го имаат. Иако често „пливаат“ подалеку од другите и живеат во свој подводен свет, тие се лојални и не сакаат да ги навредуваат другите – тие само живеат во свој свет.