Стево Пендаровски е претседателски кандидат на СДСМ

169

СДСМ, коалициските партнери и други партии што даваат поддршка за заеднички претседателски кандидат ја почнаа средбата вечерва во скопскиот хотел „Хилтон“. Како што изјави премиерот и лидер на партијата Зоран Заев, Стево Пендаровски ќе биде предложен за заеднички консензуален кандидат.

Премиерот, по завршување на координацијата во партиското седиште одржана попладнево рече дека Пендаровски е надпартиски кандидат, кој ќе биде предложен на коалициските партнери и очекува тој да биде поддржан.

На координацијата СДСМ ги разгледа фаворитите за претседателски кандидат, меѓу кои беа и Оливер Спасовски, Радмила Шекеринска, Никола Димитров, Ѓорѓи Филипов, Имер Селмани…

Кандидатот СДСМ ќе го промовира на конгрес в недела.

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и претседателот на ДУИ Али Ахмети во средата постигнаа договор за заеднички претседателски кандидат, кој се очекува да биде поддржан и од Алтернатива и ДПА, како и други партии.

Алијансата за Албанците и БЕСА, пак, соопштија дека ќе ја поддржат номинацијата на амбасадорот и универзитетски професор Блерим Река. Тој од вчера се приклучи на списокот со официјални кандидати за претседател на кој е и Гордана Силјановска Давкова, зад чија кандидатура застана опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Првиот изборен круг за шестите претседателски избори е закажан за 21 април, а вториот ќе се одржи на 5 мај.