Стартува последната фаза од уставните измени

45

Во Собранието денес почнува последната фаза од процесот на уставните измени кои произлегуваат од Договорот со Грција. И во оваа фаза се потребни 80 пратеници. На дневен ред се утврдување на четирите предлог амандмани на Уставот на Република Македонија, нивно носење и прогласување. Предлагач на амандманите е Владата.

Во исто време со собраниската седница, пред Собранието е најавен и протест против уставните измени во организација на движењето „Македонија Блокира“  и на “Тврдокорни”.

Опозициската ВМРО – ДПМНЕ најави дека нема да учествува во расправата и нема да ги поддржи уставните измени. Токму затоа се очекува расправата да трае пократко од предвиденото и целиот процес да заврши до крајот на неделата. Крајниот рок за гласање на уставните измени, како што најавија од Владата е 15 јануари

Процесот на уставните измени започна на 19 октомври кога првпат беше обезбедено двотретинско мнозинство.