Само еден ден по одржаната прес-конференција, челниците на кошаркарскиот клуб Работнички договорија две легендарни имиња во стручниот штаб за следната сезона.

На клупата на тимот од „Градски парк“ ќе седне Тони Симиќ на местото на Димитар Мираковски, додејка заедно со него во клубот се враќа и поранешниот играч Ѓорѓи Чековски.

Чековски ќе извршува улогата на спортски директор во клубот.