Стара визит-карта на Путин понудена на аукција за 30.000 евра

119

Еден граѓанин на Санкт Петербург на интернет-платформата за огласи „Авито“ продава визит-карта на рускиот претседател Владимир Путин. Со оглед на тоа дека е добро зачувана, нејзината проценета вредност е 2 милиони рубли (во моментов 28.200 евра).

Визит-картата потекнува уште од времето кога Путин беше претседател на Комитетот за надворешни работи на Санкт Петербург. Продавачот напишал дека визит-картата му останала од татка си. Се наоѓала во семејната архива повеќе од 20 години. Според сопственикот, зачувана е во добра состојба.

На сајтот може да се најдат и други визит-карти на рускиот претседател, но по пониска цена – да речеме, за 950 илјади рубли (13.400 евра). Покрај тоа, некои луѓе продаваат и претседателски автограми. Нивната цена е 50 илјади рубли (700 евра) и повеќе.

Претходно во Петербург се појави оглас за продажба на топка со потписот на славниот голман Лав Јашин за 10 милиони рубли (околу 140 илјади евра).