Фановите на Бред Пит и на Џенифер Анистон по 26. доделување на САГ наградите не можат да бидат повозбудени. Парот за кој сите сакаат да се смират имаше моменти за кои денеска сите зборуваат.

Бред ја освои САГ наградата за споредна улога во филмот на Тарантино „Беше еднаш во Холивуд“, а Џенифер освои награда за најдобра улога во драмската серија „The Morning Show“.

И додека Џенифер го следеше неговиот говор во живо, тој во моментот кога излезе таа на сцена не беше во салата, но тој хипнотизирано ја следеше на екранот од бекстејџ.

Бекстејџ.
бекстејџ
Воодушевена од говорот на Бред

Пит, дефинитивно, беше ѕвезда на вечерта, но она што го одбележа неговиот говор е што се осврна на разводот од неговата поранешна сопруга Анџелина Џоли. Она што многумина ги насмеа е што тој кажа дека мора да го освежи својот твитер-профил и да додаде уште една награда. Целата сала прсна од смеа, ама Џенифер најмногу.

По тоа конечно се сретнаа лице во лице, се гушнаа и си честитаа за добиените награди.

Но, како Пит да не зборува дека треба да се пофали со уште една награда кога Анистон блескаше во белиот сатенски фустан со сирена-крој изработен од видниот бренд Диор.

Убавата Анистон во фустанот на Диор

И зарем не е совршено кога поранешните брачни партнери и по разводот се во љубов, а не во војна бидејќи од животот треба да направиме извонредна приказна, а не огорчена и непријателска приказна.

(M.A)