Станарите во зградата во која што живее заболената докторка се во изолација

4668

Станарите во зградата во населбата Капиштец, на улица „Васил Ѓоргов“, во која што живее директорката на Универзитетската клиника за кожни болести, Нина Цаца Биљановска, која од вчера е на Клиниката за инфективни болести, бидејќи и заразена од корона вирус,  се во целосна изолација.

Како што можеше да забележи екипата на ВЕЧЕР пред зградата речиси и да нема движење. Никој не излегува од зградата. Само една жена со неколку ќеси полни со намирници набрзина влезе во влезот.

На влезната врата од зградата е  закачено соопштение во кое стои  предупредување секој кој што стапил во контакт со директорката на Универзитетската клиника за кожни болести да се јави на лекар.  Зградата во текот на вчерашниот ден, била дезинфицирана.