Стадионот на Наполи да се вика „Сан Паоло-Марадона“

32

Претседателот на фудбалскиот клуб Наполи, Аурелио Де Лаурентис изјави денеска дека стадионот на тој клуб може да го носи името на легендарниот аргентински фудбалер Диего Армандо Марадона.

  • Би сакал да го покажам лицето на Марадона на стадионот за време на натпреварот со Риека. Постои идеја да се нарече стадионот Сан Паоло-Марадона, тоа е нешто за што ќе размислиме, изјави Де Лаурентис.

Поранешниот аргентински репрезентативец и фудбалер на Наполи, Диего Марадона почина денеска на 60-годишна возраст од срцев удар.

Тој играше за Наполи од 1984 до 1991 година и стана легенда на клубот. Со клубот од Неапол освои две шампионски титули, Купот на Италија, Купот на Уефа и Суперкупот на Италија.