СТАВ: Смеј се палјачо

62

Кој можеше да претпостави дека еден ден Македонија ќе се најде пред таканаречениот Француски предлог, за кој текст, познавачите на ваквата дипломатска материја  велат,  ако го прифатиме Францускиот предлог во ваква форма во каква што е, тоа ќе биде погубно за Македонија. Лично не сакам да верувам дека главен  автор на овој предлог е Франција, ,повеќе сум убеден дека Францускиот предлог е смислен  во Скопје и Софија, бидејки Франција до пред некој ден претседаваше со Советот на ЕУ, таа  по некој автоматизам ни го достави нивниот предлог пропратен со мала фус-нота, земи или остави!

Стана пракса, кога некои политички состојби дебело ќе се замрсат, почнуват да не посетуват политички тешкаши од Европа и светот,

минатата недела не посети Шарл Мишел, претседател на Европскиот совет и ни порача дека ЕУ има потреба од Западен балкан, Западен балкан има потреба од ЕУ, затоа кажете ДА за Францускиот предлог! Со иста порака се јави и Џозев Борел, човекот кој се грижи за надворешната политика при ЕУ, додека специјалниот преставник на Германија за Западен балкан Мануел Сарацин не уверуваше дека ја разбира нашата загриженост но сега како никогаш досега вратата на ЕУ е ширум отворена за Македонија  и не потсети дека можеби повеќе ќе немаме таква шанса! Истото го мисли  и  Џејк Саливан, советник за национална безбедност во Белата куќа кој вели, на нашите пријатели од Македонија им порачувам да се одлучат да го прифатат Францускиот предлог.

Иако не сум политички аналитичар, сепак можам да кажам во овој и околу овој Француски предлог има неколку работи кои штрчат. Како прво сите горе споменати личности, сите до еден, кога ни се обраќат нам граѓаните на Македонија го употребуват и срамното С. кое ни беше накалемено во 2018 во Нивици. Во тоа време од страна на Меркел ни беше речено и ветено, сменето го името и ќе добиете датум за почеток на преговорите  за влез во ЕУ. Имавме референдум за истото прашање,   од страна на ДИК референдумот беше означен како неуспешен! Една друга важна личност од тоа време извесен Јоханес Хан, на тогашниот наш премиер извесен Заев, Хан му посочи тој проблем решетего на балкански начин! Заев како експерт за балкански заврзлами го реши тоа на криминален балкански начин и замислите ЕУ тоа го прифати без никакви забелешки, помина блескаво како ништо да не се случи дека во една земја од Балканот наречена Македонија демократијата е силована.

Во тоа лето во Преспа беше радосно и весело се случуваше политичка оперетка, се менуваше името на државата за таа цел насмевките на Заев и Димитров беа долги како од Нивици до Муртино и пред себе во присуство на Могерини, Нимиц, Ципрас, Коѕијас и Хан, Преспанското езеро го гледаа како океан. Од целата таа политичка журка ние не го добивме тоа што ни беше ветувано а цената на картата за добивање датум за преговори за влез во ЕУ ја плативме дебело го променивме името на државата! Сега ја нема Могерини, го нема Нимиц и Хан исто ја нема  и Меркел, Ципрас и Коѕијас го нема и Никола Димитров и Зоран Заев, го има само непотребното С. кое за некои значи (С)еверна за други (С)илувана земја.

Сега пред ,,отворената“ врата за добивање датум за влез во ЕУ стои Францускиот предлог и една друга екипа од политичари странски и домашни кои сакат картата за почеток на преговорите за влез во ЕУ да ја платиме по вторпат! Некои наши палјачовци почнувајки од Пендаровски, Ковачевски, Османи се до Маричиќ мислат промена на името било за влез во НАТО. Не господа Меркел, Нимиц, Могерини, Хан, Ципрас и Коѕијас во Преспа лобираа за ЕУ и за промена на името на нашата држава.

Новата екипа која стои зад Францускиот предлог, како Емануел Макрон, Шарл Морел или Мануел Сарацин  сакат топтан  да не подарат на Бугарија, без причина за ништо! Јазикот, културата, историјата, традицијата да ги присфои Бугарија! Која им е  целта само тие си знаат.

Во политичката оперетка наречена Македонија од Западен балкан не се знае кој е главниот палјачо. Али на овие нашиве политичари кои имат улоги во оперетката би било добро да им кажеме: Смеј се Палјачо на сопственото исчезнување. На надворешниве и домашниве политичари треба да им подариме едно големо НЕ.

Коле Манев – академски сликар, филмски работник и публицист