Ставен под контрола пожарот на Килиманџаро

21

Пожарот кој повеќе денови гореше на највисоката африканска планина Килиманџаро е ставен под контрола, соопштија денеска танзаниските власти.

Со воздушна инспекција, која е извршена утрово, е утврдено дека пожарот е ставен под контрола, се наведува во соопштението на Службата на националниот парк на Танзанија.

Пожарот изби во неделата во областа Вона, каде се наоѓа одморалиште за планинари, кои за искачување ги користат рутите Мандара и Хоромбо.

За гаснење на пожарот беа ангажирани околу 500 пожарникари, локални жители и студенти. Планината Килиманџаро е висока 5.895 метри и секоја година е посетена од речиси 50.000 туристи.