ССМ денеска три часа ќе протестира пред Министерството за труд и социјална политика

50

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска ќе го продолжи протестот за линеарно зголемување на платите за 2.806 денари пред Министерството за труд и социјална политика од 10 до 13 часот, согласно одлуката на Штрајкувачкиот одбор – Претседателството на ССМ.

Во очекување повторно да биде поднесен амандман за исполнување на нивното барање во собраниската Комисија за финансирање и буџет, незадоволството ќе го изразат пред МТСП.

-Согласно Одлуката на Штрајкувачкиот одбор – Претседателството на ССМ на 28.06.2022 година од 10 часот до 13 часот ќе застанеме на платото пред Министерството за труд и социјална политика, соопштија од ССМ.

Вчераутро ССМ го блокираше влезот на Скопје кај раскрсницата во Автокоманда, каде беа поставени и шатори на самиот булевар.

-Во знак на револт и поддршка на нашите колеги работници кои штрајкуваат на своите работни места за време на работното време да и кажеме јавно и јасно на централаната власт и локалната дека сме спремни да одиме до крај. До крај значи 2.806 денари усогласување на платата од 1 јули, К-15 и нов Колективен договор, побара уште еднаш претседателот на Синдикатот, Дарко Димовски.

Денеска е петти ден на генералниот штрајк на јавниот сектор.