Срѓан Гајиќ од “Ѕвездите на Гранд“ почина од коронавирусот – зад него остана 9-месечно синче

635

Уште еден пејач поради коронавирусот замина од овој свет, од естрадата. Тажно, но вистинито. Завчера на свои 28 години, животот го изгуби познатиот фолк пејач од популарните “Ѕвездите на Гранд“, Срѓан Гајиќ. Тој зад себе ги остави малото 9-месечно синче Андреја и сопругата Исидора, која поради оваа трагедија се огласи на Инстаграм со многу емотивни зборови:

„Љубовта е нешто што не може да е објасни со зборови, колку и да се обидуваме да го направиме тоа. Можеби токму затоа јас најмногу сакам кога тој пее или ме гледа додека мисли дека спијам. Спокојот кога ќе се разбудам таму каде што е тој или среќата кога после патување ќе го видам на вратата, бакнежот во чело во доцните ноќни часови кога ќе се појави.

Својот грб знаеше да го подметне без и еден мој збор, просто да препознае кога повеќе немам сила. Да биде тука кога најмногу треба, да молчи и да гледа, со насмевка да ми го обои денот и да ми ја поправи годината. Да биде мирно пристаниште во кое секогаш бегав и сигурно раме на кое секој пат се потпирам. Просто да ме сака, да го сакам…

Заради сето тоа што бевме, што сме денес и што ќе станеме јас не можев да замислам подобар татко за својот син, подобар потпирач за нашето семејство и подобар маж за мојот маж“.