Сршен ги скара челнициците на Нексе и ППД Загреб

82

Повремениот ракометен репрезентативец на Хрватска, Иван Сршен е причината за кавга меѓу шампионот на оваа земја ППД Загреб и Нексе од Нашице.  Сршен  формално е играч на Нексе, а моментно е на позајмица во Загреб, каде прикажува  фантастични партии. Тој во победата на Заграб над Скјерн во  Лигата на шампионите постигна девет гола , а  доби и место во  најдобриот тим на колото.

Проблемот е во тоа што Сршен од Нексе беше даден на позјамица во унгарскиот Пик Сегед, а потоа  замина на позајмица во Загреб каде игра навистина фантастично. Челниците на Нексе сфатија дека може да го загубат овој одличен играч и  затоа сакаат да си го вратат назад.

Иако е договорена едногодишна позајмица, тимот од Нашице го сака назад пред истек на договорот. Моментно се лидери во Регионалната СЕХА лига, а одлично им оди и во ЕХФ купот. Сршен добро би им дошол и во сезоната во која за шампионскат титула во Хрватска се борат со тимот на ППД Загреб.

Доколку клубовите не можат да се договорат што ќе биде со него, тогаш за неговата судбина во рок од осум дена ќе одлучи Регистрациската комисија при Хрватската ракометна федерација.