Срцев удар најверојатно е причината за угинувањето на жирафата Тобого

320

Причина за ненадејната смрт на жирафата Тобого, кој завчера угина во Зоолошката градина во Скопје, најверојатно е срцев удар, вели директорот Ѓорѓи Галетановски за Канал 5.

Сепак, како што појаснува, за неколку дена се очекуваат резултатите од направената обдукција, по што точно ќе се знае зошто угинал 11-годишниот Тобого.

Угина Тобого, една од жирафите во скопската Зоолошка градина

-Направена беше обдукција при што не беа констатирани физички повреди. Во наредните десетина дена, очекуваме да ги добиеме резултатите од крвната анализа, по што, точно ќе се знае од што угинало животното. Сепак, се претпоставува дека причината за смртта е срцев удар, вели Ѓорѓи Галетановски, директор на Зоолошката градина за Канал 5.

Истовремено, Галетановски потенцира дека пред да угине жирафата не покажала никакви знаци дека нешто не е во ред, напротив, Тобого се хранел нормално и немал намален апетит.

Тобого беше многу мил и обожаваше да јаде кромид и праз