Српски вирусолог објаснува – ВАЖНО за сите оние кои примија Фајзер и бустер доза

17392

Веста дека три дози Фајзер вакцина против корона штитат од новиот сој омикрон одекна како бомба низ светот.

Во првата официјална изјава по појавата на омикрон, производителите рекоа дека по две дози се произведуваат помалку неутрализирачки антитела, но дека бустер дозата ја зголемува одбраната од омикрон.

Производителите додадоа дека, доколку е потребно, можат да ја испорачаат анти-омикрон вакцината до март 2022 година.

По тој повод на својот Твитер профил се огласи и вирологот Ана Банко од Институтот за микробиологија и имунологија при Медицинскиот факултет во Белград, која  редовно се огласува на оваа социјална мрежа по речиси секое големо истражување во светот за ефектите од вакцините против коронавирус.

Таа напомена дека ова се многу рани и прелиминарни резултати кои се уште не се доволно точни.

Во својата објава на социјалните мрежи, таа ги објасни заклучоците од студијата:

„Две дози се недоволни. Три дози се неопходни. Две дози од вакцината Фајзер, заедно со прелеќана инфекција, имаат ист ефект како три дози од вакцината“, наведе Банко, додавајќи дека сè уште нема прецизни податоци за тоа „дали оваков вид на заштита создава и одбрана од тешка клиничка слика“.